Испечати

Црно-бели бомбички

Црно-бели бомбички

Состојки

  • 1 белка
  • 50 мл сок од портокал
  • 70 гр шеќер
  • 50 гр црно чоколадо за во тестото
  • 50 гр црно чоколадо за декорација
  • 150 гр мелен бадем
  • 50 гр мелени бисквити
  • 50 гр мелени ореви
  • 20 зрна бели бомбони

Подготовка

Се мати белката, се додаваат шеќерот, чоколадото, сокот од портокал, бисквитите, бадемот, оревите и убаво се изработува со рака.
Се прават бомбици, до половина се потопуваат со црно чоколадо и се украсуваат по желба.