Испечати

Путер колач со јогурт и јаболка

Путер колач со јогурт и јаболка

Состојки

  • 250 гр. путер на собна температура
  • 2 чаши по 250 мл. шеќер
  • 4 јајца
  • 250 мл. јогурт
  • 3 чаши брашно
  • ½ мало лажиче сол
  • 1 пакетче (8-10 гр) ванилин шеќер
  • 1 пакетче (8-10 гр) прашок за пециво
  • 3-5 средни јаболка

Подготовка

Путерот изматете го пенасто со шеќерот и ванилиниот шеќер.
Додавајте едно по едно јајце и матете по 30 секунди за едно.
Потоа додајте го јогуртот и изматете. Потоа додадете ги брашното измешано со пецивото и солта. Матете кратко со миксерот додека се соедини.
На плех 25х35 обложен со хартија за печење излијте ½ смеса. убаво распоредете ја. Над неа наредете кришки јаболка, останатата ½ смеса и убаво израмнете. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 40-45 мин. додека зарумени и се испече.
Оставете малку да се излади и посипете со шеќер во прав, сечете коцки и послужете по ваша желба.