Турски ќебап
Состојки
- За ќебапот
- 500 гр мелено месо и 1 јајце
- 1 кромид ситно насечкан
- 50-60 гр лебни трошки
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1/2 лажичка буковец
- Состојки потребни за тавата
- 500 гр кромид, ситно сечкан
- 1 шоља ориз (150 мл)
- 100 гр морков
- 1 лажица буковец
- 1/2 лажичка оригано
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1 ловоров лист
- свеж магдонос неколку листови
Подготовка
Не знам дали е навистина Турски, ама мајка ми така го вика од како знам за себе, па и така ќе ви го претставам.
1. Смесата за ќебапи се меша, се прават мали ќебапи или ќофтиња и се пржат во масло.
2. Кромидот и морковот се сечкаат на ситно и ги пропржуваме на масло, додека не стане стаклен кромидот и морковот да омекне. Потоа го додаваме и оризот, претходно измиен и тој малку да се пропржи. Ги додаваме зачините, мешаме и ставаме се во тавата во која ќе печеме. Залеваме со околу три шољи вода.
3. Одозгора ги редиме ќебапите и ставаме да се пече на 200 степени во заклопена тава. При крај на печење, откако ќе изврие водата го ја откриваме тавата малку да се запече.
Користев мешано мелено месо, а оригиналната верзија е само со јунешко мелено месо.