Вљубени јајца
Состојки
- 2 јајца
- 1 главица сецкано цвекло
- 300 мл вода
- малку сол, малку оцет
- 1 лажица мајонез
- 1 лажица кисела павлака
- 1 лажица кајмак
- 1/4 лажиче сенф
Подготовка
Во тенџере се налива водата, се додава малку сол и малку оцет и сецканото цвекло. Се оставаат да провријаат 10ина минути и потоа се додаваат јајцата. Се варат на вообичаен начин. Потоа се лупат и се оставаат во водата во која се вареле се додека не ја постигнете посакуваната боја.
Се сечат на половина и жолчките се ставаат во една зделичка. Се додава една лажица кисела павлака, една лажица мајонез, една лажица кајмак и малку сенф. Се става смесата во шприц и се декорира по ваш вкус.