Ролнички со мармалад
Состојки
- 500 гр брашно(тесто)
- 250 мл млеко(тесто)
- 60 гр путер(тесто)
- 50 гр шеќер(тесто)
- 1/2 лажиче сол(тесто)
- 2 лажички квасец во прав(тесто)
- 1 јајце(тесто)
- 4-5 суперни лажици мармалад(фил)
Подготовка
Најпрво состојките за тестото се мешаат.
Тестото убаво се размесува и се остава да стаса 15тина минути во топла просторија. Тестото штом стаса,се размесува и мармаладот се нанесува врз тестото. Се прави ролат и со помош на конец сечете ролнички. Ролничките се ставаат во плех на кој има хартија за печење. Се оставаат 25 минути да нараснат и се печат 20-25 минути во рерна на температура од 180-200 степени.
Штом се испечат се ставаат крпи и кесе врз нив за да бидат помеки.