Испечати

Индијанки

Индијанки

Состојки

  • 4 јајца
  • 100гр. шекер
  • 200гр. брашно
  • 1 пециво
  • 2 пудинзи од ванила
  • 600мл. млеко
  • 2 ванили
  • 150гр, путер
  • 50гр. чоколадо
  • 50гр. шеќер

Подготовка

Прво се бијат белките во цврст снег и полека се додава шеќерот. Се продолжува со биење со миксерот и се додаваат жолчките една по една. На крај се додава брашното и пецивото.
Се прават форми со шприц и се печат на хартиа на 200 степени.

За филот се варат пудинзите со млекото, шеќерот и ванилата. Кога ќе се добие убава густина се лади филот и се додава маргаринот. Се филоваат додека се топли. Филот што ќе остани за декорирање за горе се дели на половина и во едната половина се става 50 гр.црно чоколадо.