Испечати

Леб со компири (рецепт за пекач)

Леб со компири (рецепт за пекач)

Состојки

  • 300мл. млеко
  • 2 лажици путер на собна температура
  • 1 јајце
  • 90гр. компири (сварени и испасирани)
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици шеќер
  • 540гр. бело брашно
  • 1 пакетче сув квасец

Подготовка

Рецепт за леб подготвен во пекач, многу вкусен, со крцкава корка и многу мека средина.
Сите состојки треба да се по можност на собна температура. Ставете ги во модлата од пекачот и тоа по редоследот како се напишани во рецептот. Јајцето изматете го претходно со вилушка. Квасецот го ставате на крај и внимавајте при тоа да не дојде во допир со солта и течноста за да добиете подобар резултат.
Вклучете го пекачот на опцијата за нормална функција („Нормал“ или „Базик“) кај која целиот процес трае 3 часа. За тежина на леб изберете ја опцијата од 1000гр. и јас ја одбрав средната опција на печење, значи не многу светла кора, но не и многу печена.
Откако ќе е готов, извадете го веднаш од модлата и оставете го на решетка да се олади околу 15-30 мин на собна температура без да го покривате со крпа или сл.

Од оваа количина на состојки се добива леб со тежина од 1000гр. Вкусен е и наредниот ден, доколку го чувате убаво запакуван во најлонска кеса.
Секако може и да го замрзнете, а во тој случај рокот на траење изнесува 1 месец.