Полнети поховани палачинки
Состојки
- СМЕСА ЗА ПАЛАЧИНКИ
- 0,5л млеко
- 200мл минерална вода
- 5 јајца
- по потреба/околу 350гр/ брашно
- малку/на врв на ножот/ сол
- ФИЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ
- 100-150гр салама или некој друг месен производ по ваш избор
- 100-150гр кашкавал по ваш избор
- 2-3 варени моркови
- малку по желба сецкан магдонос
- ЗА ПОХОВАЊЕ
- 2 јајца
- околу 100гр презла/лебни трошки/
- о потреба масло
- прстофат сол
- 10-12 палачинки
Подготовка
Убаво ладно предјадење надополнето со кисела павлака или лесна кремаста салата, а убаво би дошло и како мезенце за со пиво или вино.
Можат да послужат и како лесен облок за доручек со јогурт или павлака.
Пригответе ги по ваш рецепт палачинките.......
Состојките за полнење насецкајте ги на долго на стапчиња, морковот, саламата, кашкавалот и магдоносот ако сакате да ставите во полнењето.
Разматете ги јајцата со малку сол.
Земете една палачинка и ставете ја на плитка чинија, во средината ставете дел од полнењето, наросете малку магдонос, ако сакате и завиткајте ја палачинката како САРМА /прилог слика/.
Крајот на завиткувањето зацврстете го со чепкалка.
Загрејтего маслото во тава. Секоја наполнета палачинка ставте ја во јацата, па во презлата. Пржете на загреаното масло се додека не добие убава зацрвенета боја од сите страни притоа, превртувајте ја неколку пати.