Солен ролат од праз и мелено месо
Состојки
- 500 гр готови кори за гибаница
- за фил потребно е
- 2 страка сецкан праз
- 200 гр мелено месо
- 150 гр урда
- 1 јајце
- 1/2 лажиче бибер
- 1/2лажиче зачин
- за кашичка за премачкување потребно е
- 1/2 квасец
- 1/2 лажиче шеќер
- 1/2 лажиче сол
- 3 лажици масло
- 200 мл млеко
- 50 мл кисела вода
- 2-3 лажици брашно
Подготовка
Прво на малку масло се запржува празот, се додава месото и се зачинува.
Се трга од оган, се додава 1 јајце и урдата. Убаво се соединува.
Сега од 2-3 кори се прави подлога каде ќе биде ставен ролатот.
Се прскаат со кашичката.
Сега на страна се зема една коричка се попрскува со кашичката, на крајот се става од филот и се витка ролатче.
На ваков начин треба да се направат 6 ролатчина.
Се редат прво 3, се премачкуваат со кашичка, па 2, пак се премачкуваат со кашичка и најгоре се става едно ролатче.
Вака наредени едно врз друго се ставаат на подлогата.
Убаво се завиткуваат и се формира пирамида.
Се премачкува со кашичката, се наросува со сусам и се печи.
Се лади, па се сечи на парчиња.
До колку ви останат кори и фил, можите да направите пирамида од 4, па 3, па 2, па 1 ролат.
Многу подекоративно е со спанаќ, но во моментот немав.
Пробајте, вкусно е и декоративно.