Испечати

Крокети од спанаќ и компир

Крокети од спанаќ и компир

Состојки

  • 2 варени и пасирани компири со средна големина
  • 300 гр бланширан спанаќ
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици брашно
  • 1/2 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче ленено семе
  • 1/2 лажиче зачин
  • За валкање на крокетите
  • 1 јајце
  • 100 гр брашно
  • 100 гр презла

Подготовка

Во еден сад се соединуваат компирите, спанаќот, јајцето, брашното,
пецивото, зачините.
Со рака се формираат крокети, па се валкаат прво во брашно, па
изматено јајце, па презла. Се пржат на загреано масло и се редат на
лист хартија.
Се служат со јогурт.
Совет- пожелно е раката да ви биде чиста при формирање на секој
крокет, бидејќи тестото е малку лепливо.
Потрудете се нема да згрешите ако ги направите