Француска салата
Состојки
- 100гр.ситно сецкан орев
- 200гр.испасирано или ситно сецкано сирење
- 300гр.сецкана шунка
- 2 свежи, сецкани краставици
- 2-3 ситно, сецкани чешниња лукче
- 3 лажици мајонез
- 600гр. кисела павлака
- малку црна пипер
- 1/2 китка ситно, сецкан магдонос (јас го изоставувам, по желба на домашните)
Подготовка
Еден од многуте начини, како да ја подготвите оваа вкусна салата....
Подготовката едноставна, се се сецка, при што краставицата, а и шунката се завиткуваат во памучна крпа за да се впие водата која ја пуштаат. Сите состојките се мешаат во длабок сад, се забиберува и префрлува во кутија со капак.
Се става во фрижидер, најмалку 2 часа да отстои, за да се измешаат вкусовите...
Се сервира....