Колач со печена тиква
Состојки
- 3 јајца
- 1 1/2 шоља шеќер
- 1 шоља (200мл) зејтин
- 1/2 шоља јогурт
- 1/2 шоља млеко
- 3 шољи брашно
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 лажичка цимет
- 1/4 лажиче каранфилче
- 2 шољи печена тиква
Подготовка
Ова е еден од оние колачи кои редовно ги правам во зима. Се приготвува многу брзо, па ако веќе имате печена тиква, одлична варијанта е за гости кои се најавиле во 5 до 12.
Се матат јајцата и шеќерот, а потоа се додаваат останатите состојки и се мати до изедначување на смесата. Се истура во плех од рерна и се пече на 200 степени дури колачот не зарумени одозгора.
Доколку сакате благо, слободно зголемете го шеќерот за половина до една цела шоља.