Прилог од компири и праз
Состојки
- 500-600гр. компири
- 1 мал страк(само зелениот дел) праз
- 1 помал морков
- 2 чешниња лук
- 3 лажици соја сос
- 1 гранче рузмарин
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1/2 лажичка копар
- 1/2 лажичка чили во прав
- по потреба масло, сол, црн бибер
Подготовка
Компирите исечете ги на покрупни коцки и ставете ги да се варат.
Во тава на оган ставете масло и додајте ги ситно сецканиот праз, сецканото лукче и ренданиот морков.
Пропржете ги и додајте го соја сосот.
Оставете ги да се пржат додека убаво омекнат.
Во друга тава со малку масло пропржете ги сварените компири.
Откако ќе фатат коричка префрлете ги во тавата со празот и морковот.
Додајте ги ситно сецканиот магдонос, рузмарин, копарот и чилито.
Посолете, наросете црн бибер и убаво измешајте.
Послужете ги како прилог со некое месо.