Парена торта со гриз и афион
Состојки
- 4 јајца
- 1 чаша( 200 мл) шеќер
- 1 чаша масло
- 100 гр гриз
- 100 гр афион
- 1,5 чаши брашно
- 1 портокал ( само рендана кора од портокалот)
- 1 пециво
- за шербет
- 2 чаши вода
- 1 ,5 чаши шеќер
Подготовка
Јајцата и шеќерот изматете ги убаво, а потоа додадете масло промешајте со лажица, па гризот и афионот. Промешувајте со лажица и додадете ги брашното, ренданата кора од портокал и пециво.
Печете во тавче бр 30 намрсена и пробрашнето на 190 степени
Готовата и оладена торта исечете на парчиња, а потоа попарете со топол шербет. Шербетот не треба да е многу густ варете го околу 15 -20 минути.