Ролат од месо со кисела зелка
Состојки
- 500гр мелено мешано месо
- 1 главица кромид
- 1 чаша исецкан кисел купус или расол
- 1 чаша презла
- 2 јајца
- 1 лажичка црн бибер
- 1 лажица зачин
- 1/2 лажичка ким
- 2 лажици брашно
Подготовка
Месото се става во подлабок сад и се замесува со изренданиот кромид, 1/2чаша од презлата, брашното, зачините и 1 јајце и 1 жолчка. Убаво се меси и се додава убаво исцедениот расол или сечканиот купус. Така подготвена смесата треба да одседи барем 1 час, а потоа се пече во калап или се прават 2 векнички. Векничките се премачкуваат со преостанатата белка и убаво се посипуваат со презлата. Се печат на 200степени околу 30 минути или може и да се испржат.
Вкусот подсетува на сарма и верувам дека ќе ви се допадне.