Мојот омилен куглоф
Состојки
- 500гр. брашно
- 150мл. масло
- 4 јајца
- 300гр. шеќер
- 150мл. млеко
- 2лаж. какао
- 1 ванила
- 1 прашок за пециво
- 1 бела чоколада
- 1 црна чоколада
Подготовка
Се матат шеќерот, ванилата и јајцата. Потоа се додаваат млекото и маслото и на крај
се додаваат брашното и прашокот за пециво.
Се дели на половина. Едната половина останува така, а во другата се додава какаото и се меша.
Се подмачкува калапот за куглоф со маргарин.
Се сипува белата половина, па врз неа кафеавата и со вилушка се промешува за да се прошари.
Се пече 1 час на 180 степени
Кога е испечен и оладен се растопуваат чоколадите посебно и се прелеваат врз кугловот.