Испечати

Мои кремасти мафини

Мои кремасти мафини

Состојки

  • за коричка на мафините
  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 4 лажици мелен потпечен лешник
  • 1 лажица брашно
  • за жолт крем
  • 300 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици густин
  • 3 жолчки
  • 70 гр изматен маргарин
  • за кафен крем
  • 300 мл сок од вишни од компот
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пудинг со вкус на чоколадо
  • 100 гр чоколадо
  • 70 гр изматен маргарин
  • за декорација,
  • 50 гр крупно сецкан лешник
  • 20-25 зрна вишни од компот
  • хартиени кошнички-15 парчиња
  • калап за мафини

Подготовка

Прво се матат белките со шеќерот, па се додаваат лешниците и брашното.
Со лажица се полнат хартиените корпички. Се редат во калап за мафини
Се печи 10 минути на 180 степени.
Потоа во тенџере на оган се става 300 мл млеко, 3 лажици шеќер, 3 лажици густин и 3 жолчки и се вари до згуснување. Се додава 70 гр изматен маргарин.

За кафениот крем во тенџере на оган се става сокот од вишни, 3 лажици шеќер и еден пудинг. Се вари до згуснување. Додека е млако се додава 100 гр чоколадо и 70 гр изматен маргарин.
Се вадат корпичките од калапот и се редат на послужавник.
Прво се украсуваат со жолтиот крем, па со црниот крем, повторно со жолт и на крај се става по една вишна и по малку сецкан лешник.