Чоко-лешник коцки
Состојки
- 10. јајца
- 10 лажици шеќер
- 10 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 1 пециво
- 100мил млеко
- 100мил. зејтин
- 50гр какао
- 1 литар млеко
- 2 пудинг од лешник
- 2 пудинг од чоколада
- 250гр шеќер во прав
- 200гр путер или маргарин
Подготовка
Подготовка на пандишпанот
Прво се матат белките во цврст снег се додаваат 5 лажици шеќер, потоа се матат жолчките со 5 лажици шеќер и се мешаат со белките. Во смесата се додава просеаното брашно, 2 лажици густин, млекото, зејтинот и прашакот за пециво. На крај го додаваме какаото, но сите состојки ги мешаме со лопатка рачно. Ја сипуваме смесата во плех на хартија и печеме половина час на 180степени. Пандишпанот се лади и се сече на половина.
Фил
Од пола литар млеко правиме пудиг од лешник а пола од чоколада. Во друг сад го матиме путерот и шеќерот во прав и го делиме на половина. Едниот дел го додаваме на пудингот со лешник, а другиот со чоколадо.
Колачот го филувам прво лешник филот, потоа чоколадниот, а одозгора тесто и малку чоколаден фил. За одозора по желба јас наросив кокос.
Колачот е вкусен, а што е најбитно се чека еден куп гости со него.