Сукано со праз и кисела зелка
Состојки
- за тесто
- 500 гр бело брашно
- 250 мл млака вода
- 1/3 коцка пресен квасец
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 лажиче шеќер
- 1 јајце
- 125 гр маргарин за премачкување на коричките
- за фил
- 2-3 страка сецкан праз
- 1 средна кисела зелка, исецкана
- 60 мл маслиново масло
- 1/2 лажиче бибер
- 1/2 лажиче сол
- по желба 1 јајце за премачкување и малку сусам
Подготовка
Прво на загреано масло се пржи празот, па се додава киселата зелка и се пржи се додека не испари течноста.
Се зачинува.
Од состојките се замесува тесто и се дели на 14 мали топчиња.
Секое се расукува во мала коричка, се премачкуваат со маргарин и се редат на 2 места по 7 корички.
Од првото купче се расукува голема кора, се става од филот и се витка ролат.
Се сечи на парчиња.
Исто се постапува со второто купче.
По желба се премачкува со јајце и се наросува со сусам. Се пече на 200 степени во зависност од рерната.