Кафебананизирани куглици
Состојки
- 200гр. мелени бисквити
- 8 лажици инстант капучино ванила
- 200 мл слатка павлака
- половина лажичка какао
- 50 гр. мини чоколадни бананки
Подготовка
Мелените бисквити се мешаат со сите останати состојќи освен чоколадните бананки. Се остава смесата да отстои 5-10 минути и потоа се додаваат претходно исечканите чоколадни бананки.
Од смесата се прават бомбички кои се декорираат по желба и се сервираат.