Испечати

Егзотични пралини

Егзотични пралини

Состојки

  • полнење
  • 100 гр суви кајсии
  • 100 гр суви смокви
  • 100 гр мелени ореви
  • 2 лажици мед
  • за премачкување
  • 300 гр млечна чоколада
  • 9 лажици масло

Подготовка

Кајсиите и смоквите се сецкаат ситно, се додават оревите и медот. Се промешува убаво да се сврзат состојките.
Претходно премачканите калапи се полнат со филот и се затвараат со слој чоколадо. Калапите се премачкуваат со силиконско четче, се ставаат во фрижидер да се оладат и се премачуваат повторно.
Доколку има потреба се премачкуваат и по трет пат. Се ставаат калапите во фрижидер да се стегнат.
Стегнатите колачиња се вадат од калапите и се разбира дегустација....