Кетини крофнички
Состојки
- 1 квасец
- 250 мл млеко
- 50 мл кисела вода
- 1 јајце
- 50 гр растопен маргарин
- 1 мало лажиче шеќер
- 1/2 мало лажиче сол
- 100 гр интегрално пченично брашно
- 400-450 гр бело брашно
- на врвот на ножот пециво
- масло за пржење
Подготовка
Прво во млакото млеко се става шеќерот и квасецот со малку брашно да втаса.
Потоа се додават сите останати состојки. Убаво се измесува. Тестото треба да биде средно меко.
До колку се јадат со мармалад, еурокрем или шеќер во прав во тестото се додава 1 ванила и кора од еден непрскан лимон.
Се сучи кора со дебелина од 5 мм, со чаша се вадат форми, се редат на послужавник и киснат 20 минути.
Се пржат во врело масло и се редат на хартија да ја упијаат мрснотијата.
Се сервираат по желба, со јогурт, млеко, чај.