Печена јагнешка плешка на грчки начин
Состојки
- 2-3 кгр јагнешка плешка
- 50 мл маслиново масло
- 1 мало лажиче зачин
- 1 мало лажиче сол
- 1/2 мало лажиче оригано
- 1/2 мало лажиче рузмарин
- 1/2 мало лажиче шафран
- 1/2 мало лажиче буковец
- 1/2 мало лажиче црн бибер
- сок сок од пола лимон
Подготовка
Сите овие зачини се соединуваат во една зделичка, се налива маслото, сокот од лимон и убаво се премачкува месото.
Се чува во фрижидер да се измаринира барем 7-8 часа.
Се печи на тивко во релна 3-4 часа се додека не зарумени.
Се служи со прилог по желба.
Полесен ручек за сред недела нема.
Само маринирајтего месото и најдете член од семејството кој само ќе ја вклучи релната на 150 степени во 13 часот.
Ова е ручек кој сам се спрема, а е превкусен