Шпагети со мелено месо и пармезан
Состојки
- 500 гр шпагети
- 500 гр мелено месо
- 100 гр кашкавал
- 100 гр чајна салама
- 1 кромид
- 150 мл павлака за готвење
- 1 лажица буковец
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 лажица мускатно оревче
- прстофат рузмарин
- прстофат оригано
- 2-3 лажици рендан пармезан
Подготовка
Бидејќи дома сме љубители на шпагети во сите варијанти, еве ви презентирам еден лесен начин на подготовка на брз ручек со шпагети.
1. Шпагетите ги вариме во солена вода, ги цедиме и им ставаме малку масло.
2. Ситно сечканото кромидче го пропржуваме во малку масло, па го додаваме меленото месо. Убаво пржиме и ги додававаме сите зачини во текот на пржењето.
3. При крај на пржењето додаваме кашкавал и чајна сечкана на ситни коцки. Кога ќе почне кашкавалот да се топи ја додаваме павлаката. Мешаме до поврзување на состојките.
4. Во чинија ставаме шпагети и подготвеното мелено месо и посолуваме со пармезан.