Дуња бомбици
Состојки
- 300 гр мелени бисквити
- 200 гр мелени ореви
- 1 голема тегла слатко од дуњи
- 150 гр сецкан орев
- 80 гр мелен орев за валкање
Подготовка
Во вангличка се истура слаткото, се додават бисквити, ореви и убаво се измесува со рака.
Ако е суво се додава некоја капка лимон.
Се формираат бомбици и се валкаат во мелен орев.
Побрзи бомбици мислам не постојат, а и многу се вкусни.
По желба додадете и малку цимет.