Погача со павлака и семиња
Состојки
- тесто
- 1кг брашно
- 300мл млеко
- 300мл вода
- 1 квасец
- 150мл зејтин
- 1 мала лажичка сол
- 1 мала лажичка шеќер2
- 2 голема лажица оцет
- фил
- 2 голема лажица павлака
- 150гр маргарин
- 2 жолчки
- 2 голема лажица брашно
- 1 голема лажица сол
- семиња
- по потреба/желба семки од тиква, ленено семе, семки од сончоглед и интегрален сусам
Подготовка
1. Се замесува меко тесто и се остава да стаса.
2. Додека стасува тестото се подготвува филот. Во еден сад се ставаат сите состојки потребни за филот (освен семињата) и се прави густа смеса за филување на погачата.
3. Откако ќе стаса тестото се дели на две еднакви топчиња. Од едното топче се расукува тенка кора и се премачкува со филот, а одозгора се посипува со семињата по желба. Потоа се расукува кора и од другото топче и се нанесува врз првата кора и повторно се премачкува со фил и со семиња и се витка во ролат.
4. Ролатот се сече на 15-17 парчиња или право или во тријаголници. Се редат едно до друго во круг во подмачкано тенџере со маргарин и во средината се ставаат 2-3 од парчињата.
5. Одозгора се премачкува со жолчка и се посипува повторно со семињата и се остава да стаса.
6. Откога повторно ќе стаса се пече во загреана рерна на 200Ц 25мин, кога ќе зарумени се покрива со хартија за печење и се пече уште 30мин на 180Ц