Динстано телешко месо на едноставен начин
Состојки
- 800гр.-1кг. телешка удина (Во зависност од тоа за колку лица подготвувате, количините сами си ги одредувате и на другите состојки)
- 3-4 моркови
- 4-5 чешниња лукче
- 1-2 ловорови ливчиња
- 1-2 лажици сенф
- зачини сол, мешан сув зеленчук, црна пипер
- 1,5 дл млеко
Подготовка
Едноставно, но мошне вкусно....
Телешката удина исечена на парчиња со саканата големина и убаво измиена, се зачинува со зачините. Се додава морковот, исечен на стапчиња, лукот цели чешњиња или преполовени по должина, ловоровиот лист. Се додава масло, млекото, сенфот (растворен во вода) и се налева со вода. Вода колку да го покрие месото. Се става на умерен оган, со малку отворен капак да се готви.
Времетраењето е отприлика 2 часа или додека убаво омекне месото. По потреба се долева вода. Кога водата ќе испари, се запржува месото на кратко од двете страни. Исто и морковчињата.
Одлично е во комбинација со пире од компири...
*При самиот крај, кога ќе се потпржува месото, можи да се додадат и печурки.
На здравје!!!