Бели прaлини со кикирики
Состојки
- 300гр кикирики
- 1/2. маргарим
- 150гр шеќер
- 50гр. кокос
- 1 јајце
- 200-300гр. бисквити
- 300гр. бела чоколада
- 2 лаж. зејтин
Подготовка
Здраво на сите ова е мојот денешен рецепт, се надевам дека ќе ви се допадне.
Знам дека постојат многу начини за подготовка на пралини еве еден од нив.
Го топиме маргаринот и шеќерот, малку се лади, тогаш ги додаваме кикириките, кокосот, јајцето и ги замесуваме со бисквитите.
Во посебен сад ја топиме чоколадата со 2 лаж.зејтин со силиконска четкичка ги премачкуваме силиконските калапи и ги ставаме во фрижидер. Оваа постапка ја повторуваме уште еднаш, а потоа ги полниме со фил калапите и ги затвараме со чоколада.
Морам да ви го пренесам задоволството на моите домашни.
И само да нагласам дека составот на пралините е скоро идентичен како сникерсот, но белата чоколада им дава малку поразлична нота. Поздрав до наредниот рецепт...