Чоколадна розен торта со ореви
Состојки
- 1 паковање готови кори за розен торта-10 кори
- 500 гр мелен орев
- 250 гр маргарин
- 400 гр шеќер
- 200 мл вода
- 200 гр црно чоколадо
- 100 гр црно чоколадо за прелив
Подготовка
Во тенџере на оган се става водата и шеќерот колку да провријат. Се додава маргаринот и црното чоколадо. Се меша смесата да се изедначи.
Се додаваат 500 гр мелени ореви.
Со уште топлиот фил се премачкуваат корите и се редат една врз друга. Горната кора не се мачка со фил.
Се потиснува со тврд предмет за корите убаво да се залепат.
По 5-6 часа се нанесува чоколадната глазура и се сечи на штангли.