Урнебес салата со ајвар, буковец и маргарин
Состојки
- 400 гр урда(изварка)
- 300 гр лут ајвар
- 50 гр растопен маргарин
- 80 гр потпечен сусам
- 1 лажиче буковец
- 1/2 лажиче сол
Подготовка
Во вангличка се ставаат урдата, маргаринот и ајварот и со миксер се мешаат да се соединат. Се додаваат сусамот, буковецот, и повторно се промешува се убаво да се соедини.
Се сервираат топки и се украсува по желба.