Солени топчиња со маслинки
Состојки
- 400 гр. брашно
- 2 јајца
- 150 гр. сирење (ситно рендано)
- 150 гр. маргарин
- 3-4 лажици кисела павлака
- 1 прашок за пециво
- 20-30 маслинки (без семки)
- по 50-100 гр. семки од сончоглед, сусам, афион, лен, ким
Подготовка
Еден брз и интересен рецепт за соленки...
Омекнатиот маргарин се мати со миксер. Се додава 1 цело јајце и жолчката од второто. Се додава павлаката, пецивото, малку сол.
Се мати и се додава сирењето. Потоа се замесува тесто со постепено додавање на брашното.
Се формираат топчиња со големина на орев и во средината се става 1/2 или 1/4 маслинка (зависно од големината на маслинките).
Настрана се мати преостанатата белка и се става во длабока чинија.
Семките се мешаат во друга длабока чинија.
Секое топче прво се валка во белката, а потоа во мешавината од семки и се става на подмачкан плех.
Соленките се печат на 180 степени околу 40 минути.
Пробајте - освојуваат со својот богат вкус...