Американски брзи крофнички

Состојки
- 300 мл млеко
 - 300 гр брашно
 - 1 јајце
 - 1 квасец
 - 1 лажиче шеќер
 - 1/2 лажиче сол
 - масло за пржење
 - шеќер во прав за посипување
 
Подготовка
Во едно тенџере се става да се стопли млекото.
 Се трга од огнот и се додаваат квасецот, шеќерот, јајцето, брашното
 Се соединува сето со миксер и се остава да кисни 20 минути.
 Потоа калапчето за америчките крофни се полни со втасаната смеса и со него се формираат крофнички и се пржат во врело масло.
 Се редат на хартија да ја впијат маснотијата и се служат по желба со прелив, шеќер во прав, сирење.