Испечати

Солена кифла погача со интегрално брашно

Солена кифла погача со интегрално брашно

Состојки

  • 125 мл млеко
  • 125 мл јогурт
  • 1 квасец
  • 1 мало лажиче сол
  • 1 мало лажиче шеќер
  • 1 јајце
  • 250 гр бело брашно
  • 250 гр интегрално брашно
  • 1 јајце за премачкување
  • 50 гр маргарин на коцки сечен за одозгора
  • 30 гр сусам за наросување

Подготовка

Од сите овие состојки се замесува тесто, се остава да кисни 15 минути, па се размесува се дели на 25 топчина.
Од секое топче се формираат кифли и се редат во округло тавче. Се оставаат повторно да киснат, да се дуплираат.
Одозгора се премачкуваат со изматено јајце, се става по некоја мала коцка маргарин и се наросуваат со сусам.
Се печат на 200 степени, 40ина минути или во зависност од рерната.

На здравје!