Испечати

Полнети кајсии

Полнети кајсии

Состојки

  • 300 гр суви кајсии
  • 30 зрна потпечен бадем
  • За замотување на кајсиите
  • 1 белка
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр мелен бадем
  • 50 гр чоколадо
  • 100 гр мелени бисквити
  • 1 лажица путер
  • За валкање
  • 50 гр мелен орев

Подготовка

Прво секоја кајсија се полни со по еден бадем.
Потоа се замесуваат белката, шеќерот, чоколадото, бадемот, бисквитите, путерот да се изедначат.
Секоја наполнета кајсија се обмотува со оваа смеса и се валкаат во мелени ореви. Потоа се сечат на половина и се сервираат.
Овој рецепт случајно настана со остатокот на суво овошје, но излезе многу вкусно и убаво