Баклава со бело чоколадо
Состојки
- 1/2 кг кори за баклава
- 300 гр бело чоколадо рендано
- 300 гр сецкани ореви
- 250 гр маргарин
- шербет
- 750 гр шеќер
- 500 мл вода
- 2 ванили
Подготовка
Многу едноставна баклава, моја омилена.
Се земат по две кори, се стават една врз друга и на едниот крај се посолува од филот (оревите и чоколадото) и се мота ролат.
Се редат ролатите во плех и се сечат на парчиња. Маргаринот се топи и се прелева врз баклавата, се става во загреана рерна на 200 и се пече да зарумени(околу 25 минути).
Изладената баклава се прелева со топол шербет. Вистинско слатко задоволство ммм....