Kифлички од интегрално брашно
Состојки
- 1кг интегрално-грахам брашно
- 400мл вода
- 200мл зејтин
- 1 коцка свеж квасец
- 1 лажица ким
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- премаз
- 1 јајце
- 1 лажица сенф
- 30гр ленено семе
- фил
- 200гр сирење
- 1 јајце
- 100гр маргарин
Подготовка
Преубав богат вкус и одличен предлог за секоја трпеза и прослава.
Квасецот се става во топла вода со 2 лажици брашно и шеќер да стаса. Одкако ќе стаса се замесува тесто со брашното, солта, преостанатата вода и кимот. Постепено се додава и зејтинот и убаво се измесува. Се остава да стаса.
Одкако ќе стаса на набрашнета маса се виткаат кифлички кои се полнат со сирењето и се редат во подмачкан плех. Се премачкуваат со премазот и се оставаат да стасаат па се печат на 200степени околу 20 минути.
Тестото од интегрално брашно е многу лесно за работа, а и кифличките се одлични.