Испечати

Посна брусница торта

Посна брусница торта

Состојки

  • 1 шоља (220мл.) масло
  • 2 шољи шеќер
  • 3 шољи брашно
  • 2 ванили
  • 1 пециво
  • 100гр. маак
  • за преливање
  • 1/2 шоља вода
  • 1/4 шоља шеќер
  • 3-4 лажици ликер по избор (овошен)
  • топинг дел
  • 150гр. чоколадо
  • 2 лажци соја млеко
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица маргарин
  • фил
  • 150гр. сува брусница сецкана
  • 100гр. суво грозје сецкно
  • 150гр. ореви сецкани
  • 2 пудинзи од ванила
  • 500гр. млеко од соја
  • 3 лажици шеќер
  • 2/3 маргарин
  • 100гр. шеќер во прав
  • за најгоре глазура од чоколадо

Подготовка

Највкусната торта која ја имам направено досега од фамилијата на посни рецепти вкусна превкусна, ми ја красеше празничната трпеза.

За неа потребно е да се избијат маслото со шеќерот, да се стави од сите продукти за тесто и се тура во број 40 па се печи на 200. Треба да е ладна кога ќе се полева со сладок шербет во кој има овошен ликер.

После се прави глазура и таа се израмнува над кората, треба да е целосно здрвена кога ќе се премачкува филот.

За филот се варат двата пудинзи од ванила и се ладат како и кај сите филови избиен маргаринот со шеќер во прав треба да се измеша со ладен пудинг. Во така спреман фил се ставаат ореви, брусница и суво грозје. Најгоре тортата се завршува пак со иста глазура како првата што ја направив и израмнив над кората.