Макарони со сос од соја
Состојки
- 1 пакетка макарони
- 150гр соја
- 1 мала главица кромид
- 100гр печурки
- 300гр домашен кечап
- 1 лажица оригано
- 1 лажица сусам
- 2 лажици зејтин
- 1 лажица брашно
Подготовка
1. Во еден сад ставете да се варат макароните, а во друг сојата.
Во меѓувреме ќе го подготвуваме сосот.
2. Ситно се сецка кромидот и се става да се испржи во зејтинот, заедно со сусамот. Откако ќе добие златна боја, се додаваат печурките и кратко се пржи на тивок оган
3. Се додава варената соја (претходно добро исцедена) и се пржи околу 15тина минути.
4. Се додава домашниот кечап и ориганото. Откако ќе почне да врие, се остава 5 мин да проврие и постепено се додава брашното (растворено во малку ладна вода). Постојано се меша 2-3 минути и се трга од оган.
5. Се истура врз топлите макарони и се декорира со мајонез.
Одличен брз ручек/вечера. Може да послужете со кисели краставички.
Јас користев посен лесен мајонез (период на пост) и вкусот беше уште подобар.