Празнична салата со спанаќ
Состојки
- 500гр. обарен спанаќ
- 2 моркови рендани
- 300гр. пржени кикири
- 50гр. сусам пржен на суво
- 400гр. мајонез лајт (посен)
Подготовка
Ако е посна оваа салата си зазема место годинава на мојата трпеза многу лесна е за правење. Прво се обарува спанаќот во врела вода и се цеди, се сечка, се става во блендер пржена кикира се блендира на крупно.
Сусамот се става на оган се меша нон стоп додека да ја смени бојата во карамел. Моркови варени се рендаат, се се меша во сад со мајонез, по желба црн бибер и сол ако сметате дека треба.