Испечати

Чоколадни кошнички со сладолед

Чоколадни кошнички со сладолед

Состојки

  • 3 чоколади за готвење
  • 1 кг сладолед по желба
  • 1 готова шлаг пена во туба
  • 1 мал чоколаден прелив
  • 1 мало паковање бисквити (може и ресана)
  • 1 паковање стапчиња полнети со крем (ролерки)
  • 20 најмали балони

Подготовка

1. Чоколадите ги кршиме на парчиња и ги топиме на пареа ( во еден голем сад налеваме вода, го ставаме на рингла и наместо капак ставаме друг сад во кој ќе ги топиме чоколадите)
2. Откако ќе се стопи чоколадото го тргаме садот од на рингла и оставаме да се олади и привремено промешуваме со лажица за да не се стврдне чоколадото.
3. Додека чоколадото се лади ги надувуваме балоните и ги пребришуваме со влажна крпа.
4. Откако чоколадото ќе се олади ( да е течно, а да не е жешко) ги валаме балоните со долниот дел до половина во чоколадото и ги ставаме на бисквитите (еден балон на една бисквита)
5. Откако ќе се стврдне чоколадото на балоните, ги пукаме балоните со игла и ги добиваме кошничките.
6. Во секоја кошничка ставаме по една топка сладолед, ја декорираме со шлаг пена, чоколаден прелив и по една т.н ролерка.