Испечати

Бисквит празнични колачи

Бисквит празнични колачи

Состојки

  • 100гр. маргарин
  • 220гр. брашно
  • 1 кесичка ванила
  • 1 белка
  • 5 лажици шеќер
  • 1 кора рендана од портокал
  • 1/2 кора рендана од лимон, сосема на врв на лажиче печиво
  • за украсување,шеќерна смеса ,ројал ајсинг
  • 1 белка од јајце
  • 200гр. шеќер во прав
  • 1 лажица цеден лимон, прехрамбени бои

Подготовка

Моите годинашни бисквит колачиња во кои преовладува вкус на портокал.
Сите состојки за тесто се мешаат заедно, при што маргаринот треба да е на собна температура. Се замесува тесто од нив, добро месејќи да се изедначат состојките внатре. Се завива во фолија за свежо и се остава во фрижидер половина саат.
Се вади од фолјата и на работна површина се сука кора од тестото, дебелка 4 мм. од прилика кога ја сукате посип најгоре од шеќер во прав и најдолу на хартија за печење (пек папир) за да не се лепи.
Со модлици се вадат форми.
Всушност таа шеќерната смеса е течен ројал ајсинг кој се припрема по следниов начин:
белката се мати со вилушка, се додава постепено половината шеќер, сокот од лимон. Настрана во мали садчиња ставаме по малку од таа смеса и се додаваат прехрамбени бои по избор. Смесата линее по малку (таа е конзистенцијата) добра основа за премаз на бисквитите. Натаму во базичниот сад се става уште половина смеса од шеќерот и се добива сега веќе густ ројал ајсинг, кој користи за образување на контурите на колачите. Остатокот се е до имагинацијата.