Испечати

Бакнежите на Грета Гарбо

Бакнежите на Грета Гарбо

Состојки

  • 30 цреши или вишни без коски
  • 5 лажици рум
  • 200 грама чоколадо
  • 150 грама шеќер во прав
  • 150 грама лешници
  • 3 лажици млеко

Подготовка

1. Црешите или вишните ги потопуваме со румот и ги оставаме да отстојат преку ноќ.
2. Следниот ден се цедат и се ставаат во салвета.
3. Лешниците се потпекуваат и се мелат, потоа се замесуваат со шеќерот, млекото и дел од растопеното чоколадо по потреба ( останатиот дел ќе го искористиме за глазура).
4. Смесата се остава малку да се излади за да можат да се формираат топчиња. Во секое топче се втиснува цреша/вишна.
5. Така направените топчиња можат да се направат како бомбици и така да се потопат во растопеното чоколадо или да се сатават во силиконски калапи кои претходно се обложени со чоколадо.