Испечати

Празнични карамел-кафе мињони

Празнични карамел-кафе мињони

Состојки

  • кора
  • 400г мелени бисквити
  • 50г шеќер
  • 150г маргарин
  • 100-150мл варено кафе
  • фил1 (карамел)
  • 200мл слатка павлака
  • 300г кафеав шеќер
  • 100 г маргарин
  • фил 2
  • 200мл слатка павлака
  • 200г чоколадо

Подготовка

Кора
- мелените бисквити ги преливаме со растопениот маргарин и шеќер и кафето, месиме и ставаме во калап по желба

Фил 1
Ги растопуваме маргаринот и шеќерот на тивок оган, кога шеќерот ќе се растопи полека ставаме павлаката (тураме мало по мало затоа што павлака многу се пени), кога сме ја истуриле сета павлака вариме уште 5 -7 мин и тргаме од оган, така врело преливаме преку кора.

Фил2
Ставаме павлаката во тенџерето на тив оган со чоколадото и оставаме да се чоколадата растопи, оставаме да се излади. Овој фил може да го прелиеме преку карамела фил одма или да го изработиме со миксерот и добиеме попенаст фил
Коцките ги украсуваме со шлаг пена и чоколадни новогодишни украси