Испечати

Посен солен ролат

Посен солен ролат

Состојки

  • 1 чаша (200мл) зејтин
  • 1 чаша кисела вода
  • 2 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица ајвар
  • 1 лажица обарен спанак
  • фил
  • 300гр варен компир
  • 300гр посна урда
  • 6 лажици посен мајонез
  • 1 лажичка сенф

Подготовка

Во подлабок сад се мешаат зејтинот, водата и брашното. Се додава пецивото и солта и смесата се дели на три дела.
Во едниот дел се става ајварот, во другиот спанакот и третиот останува жолт.
На хартија за печење се истура дел од 1 смеса, па дел од втората и на крај третата смеса. Се пече околу 15 минути на 200степени. Уште топло се свиткува во хартијата за печење.

фил
Изренданиот компир се меша со урдата, мајонезот и сенфот и убаво се изедначува. Се филува ролатот, се витка и се остава 2-3 часа да се стегне.
Со истава смеса може да се испечат и три посебни кори и да се нареди солена посна торта.
Декоративна и многу вкусна.