Испечати

Лесна крем пита

Лесна крем пита

Состојки

  • 500 милилитри млеко
  • 5 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 300 грама шеќер
  • 150 милилитри вода
  • 5 белки
  • по потреба бисквити

Подготовка

Жолчките се матат со шеќерот, се додава брашното и се тура во млекото кое се вари. Мешаме додека се згусти.
Подготвуваме шербет 300 грама шеќер и 150 милилитри вода да варат околу 5 минути. Потоа ги матиме 5 белки со 5 лажици шеќер и постепено ставаме капка по капка од шербетот. Се мати додека се добие шампита.
Редиме во плекче бисквити натопени во млеко еден ред, еден ред од кремот со жолчки, додека не се потрошат состојките.
Одозгора ставаме од шлагот од белки.