Скриени јаболка во пудинг
Состојки
- 750лм. вода
- 7-8 лажици шеќер
- 2 ванили
- лимонов сок (или неколку зрнца лимонтус од Др.Оеткер)
- 4 јаболка
- 1/2л. млеко
- 4 лажици шеќер
- 1 пудинг од ванила
Подготовка
Водата со двата вида на шеќер се ставаат на оган да зовријат. Пред да се додадат јаболката, се додава лимоновиот сок. Се ставаат јаболката (претходно измиени, излупени и со извадена средина) да се варат на умерен оган 10-15 мин., но водејќи сметка да не се преварат и распаднат. Потоа се вадат од водата, убаво се цедат и се оставаат на страна додека го приготвиме пудингот.
Пудингот се вари на вообичаен начин, во млекото во кое е додаден шеќерот.
Да напоменам, доколку се користи водата во која се вареле јаболката (500мл.) ќе имаме посен десерт. Во водата можи да додадиме и соино млеко во прав (како што пишува на паковањето).
Јаболката прво се полнат со готовиот пудинг, а потоа се полеваат со остатокот. Оставаме да се изладат и стегнат и декорираме со рендано чоколадо или шлаг., но можат да се послужат и топли, одлични за овој периот од годинава...