Испечати

Празнични посни колачиња

Празнични посни колачиња

Состојки

  • 250гр зејтин
  • 250гр вино (може и пиво)
  • 4-5 шаки шеќер
  • 1 пециво
  • по потреба брашно (окулу 1кг)
  • За посипување
  • по потреба/желба шеќер во прав

Подготовка

Во сад се става зејтин, вино(или пиво), шеќер, пециво и додаваме брашно колку да замесиме меко тесто. Сукаме кора и ја расечуваме на коцки.
На секоја коцка ставаме по една лажица(мала) мармалад и ги затвараме како пакетчиња или други форми по желба.
Јас направив пакетчиња, кифлички и кошнички.

Се печат на 200С додека да заруменат(околу 10-15мин.) и се посипуваат со шеќер во прав.
На здравје!!!