Пица погача со сенф и виршли
Состојки
- тесто
- 400 г брашно
- пола пакетче сув квасец
- 50 мл зејтин
- 5-6 виршли
- 10 маслинки и сирење по желба
- за премачкување кечап и сенф по потреба/желба
Подготовка
Тесто
Од сите состојки замесуваме тесто, го оставаме да одстои оклу 20 мин, така стасано го развлечуваме на хартија за печење во форма на круг со дебелина 1 сантиметар
Работ на тестото го мачкаме со кечап и сенф, ги редиме виршлите, маслинките и сирење и по желба наросуваме со оригано.
Земаме нож и од средината на кора зарежуваме тиаголниците кои ги префрлуваме кон работ од тестото
така добиваме интересно украсена погача, деловите кои ги префрливме намачкуваме со сенф и поросуваме со афион.
Ова декоративно предјадење може да правиме во многу комбинации и секогаш ќе биде привлечно на масата.