Посни крофни
Состојки
- 1,5 лажици шеќер
- 1/4 шоља(од 250мл) масло
- 250мл. соино млеко
- 1/2 коцка квасец
- по потреба(околу 500гр) брашно
- За валкање
- по потреба шеќер во прав и цимет
Подготовка
Во сад ставете ги шеќерот, маслото, квасецот, стопленото соино млеко и со постепено додавање на брашно замесете средно меко нелепливо тесто.
На набрашнета работна маса со сукало развлечете кора и од неа со чаша вадете кругови.
Оставете ги да стасаат, а потоа пржете ги во поголема количина загреано масло.
Испржените крофни свалкајте ги во мешавина од шеќер во прав и цимет.