Видео рецепт: Комад со праз и спанаќ
Денес ќе готвиме заедно со Надица, готвач член на нашата веб-страница. Надица ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Комад со праз и спанаќ.
Традиционален Комад, од киснато тесто, со фил од праз и спанаќ. Можеби треба малку вежбање за да го усовршите, но сепак, овие стари рецепти треба да се пренесуваат низ генерациите!
Состојки
За ТЕСТО ќе ви треба:
- 500 гр. брашно + за расукување
- 250 гр. вода
- 1/2 свеж квасец
За ФИЛ ќе ви треба:
- 500гр. спанаќ
- 1 лажица мешан зачин
- 1 лажичка сол
- 1 лажица црвен пипер
- 100 мл. вода
- Масло за потпржување
Ќе ви треба и:
- 50 гр. масло за попрскување
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сад со рачки и Округла тава за пица.
Подготовка
Чекор 1: Од брашното, водата, квасецот и солта замесете тесто. Измесете го добро и оставете го да стасува.
Чекор 2: Во меѓувреме го подготвуваме филот. Потпржете го ситно сечканиот праз на масло и потоа додајте го спанаќот, мешаниот зачин, црвениот пипер и водата. Оставете да се крчка 20 минути, или додека да испари водата и да се потпржи спанаќот.
Чекор 3: Откако ќе нарасне тестото го размесуваме и го делиме на топчиња. Од секое топче, на набрашнета маса, расукуваме кори и ги редиме една врз друга на намастена тава. Врз секоја од корите попрскајте масло.
Потоа, фатете ги краевите и превиткувајте ги навнатре како венец со кој ќе направите простор за филот во средината. Оставете да нарасне уште десетина минути.
Чекор 4: Ставете го комадот во загреана рерна на 200 степени 15 минути, или додека зарумени. Потоа додајте го подготвениот фил и вратете ја тавата во рерна уште десетина минути. Кога ќе биде готов, покријте го тестото со фолија, и потоа со крпа, малку да излади.
Чекор 5: Сервирајте го со павлака, кисело млеко или јогурт, по желба.
СОВЕТ: Доколку не ви се допаѓа филот од спанаќ и праз, може да го подготвите со било кој лисест зеленчук кој ви се допаѓа, или што го имате во моментот.